Избор Охрид Хроника

Убиецот ѝ задал повеќе смртоносни убоди со нож на охриѓанката

Охрид, 21. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Охридската полиција презема интензивни мерки за расчистување на кривичното дело „разбојништво со последица смрт“ кое било извршено вчера на улицата „Галичица“ во Охрид.

Сторителот на тешкото кривично дело, вчера од 11 часот и 30 минути до 19 часот и 25 минути, бил во станот на 67-годишната охриѓанка С. Б.

– Сторителот на делото со нож ја нападнал жената и ѝ задал повеќе смртоносни убодни рани во главата, вратот и телото а потоа извршил пребарување низ собите. По извршување на кривичното дело, сторителот ја заклучил влезната врата и незабележан го напуштил станот, информираат од СВР Охрид.

На местото на настанот бил извршен криминалистичко-технички увид предводен од Јавен обвинител при Основното јавно обвинителство Охрид во содејство со полициски екипи од СВР Охрид. Денеска врз телото на починатата ќе биде извршена обдукција во Медицинскиот центар во Битола. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука