Сакраменто, 21. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Екипата на Сакраменто Кингс соопшти дека еден од најдобрите центри во НБА лигата, Демаркус Казинс, го размениле во Њу Орлеанс за тројца кошаркари и избор на пикови на престојниот драфт.
Минатата недела Казинс соопшти дека не сака да го напушти Сакраменто, а се претпоставуваше дека управата по завршувањето на сезоната ќе му понуди нов петгодишен договор вреден 225 милиони долари.
Откако не успеаа првите луѓе на Њу Орлеанс во намерите да ги доведат во екипата Окафор и Џорџ, тие се одлучија за Казинс, кој за соиграч ќе го има Ентони Дејвис, МВП играчот на овогодинешниот Ол стар. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 16