Лил, 21. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Аргентинскиот тренер Марсело Биелса ќе ја преземе клупата на францускиот прволигаш Лил по завршувањето на оваа сезона.Тој со клубот ќе потпише двегодишен договор и на кормилото ќе го наследи Франк Паси.
Легендарниот аргентински тренер од минатото лето е без клуб, откако по само неколку недели го напушти Лацио поради недоволна ангажираност на управата на трансфер пазарот, а од слична причина си замина и од Олимпик Марсеј, каде што беше прв тренер една сезона.
Оваа сезона екипата на Лил не игра најсјајно во првенството на Франција и во моментов се наоѓа на 14.место на табелата со 29 освоени бода. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 16