февруари 21, 2017

Скопје, 21. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Од Авалон продукција информираат дека се познати сите детали околу влезниците за претстојниот спектакл Skopje Calling 2017, на кој како главна ѕвезда ќе настапи Martin Garrix.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од утре, 22-ри февруари точно во 09 часот наутро, преку системот Купи Карти За Се, како и преку глобалната мрежа на Eventim во Србија, Хрватска, Бугарија…

Билетите ќе бидат по следниве цени и категории: партер – 1000 денари; Фан Пит – 1500 денари; ВИП – 1500 денари и Ултра ВИП – 2000 денари.

ВИП и Ултра ВИП влезниците ќе се продаваат само преку резервации на email адресите: [email protected] и [email protected]

Иако има само 20 години, Мartin Garrix во моментов не само што е и официјално број 1 светски дј, туку тој и со години наназад е неизоставен дел на сите големи фестивалски сцени во светот, како: Coachella, Ultra Music Festival, Tomorrowland и други. Светската слава ја стекнува на 17 годишна возраст, со мега-платинестиот хит „Animals“, а во моментов е актуелен со хитовите „In the name of love“ со Bebe Rexha и „Scared to be lonely“ во соработка со популарната Dua Lipa, кои буквално ги покорија сите европски и светски топ листи.

– Пред диџеј сетот на Garrix, на фестивалот Skopje Calling 2017 ќе настапат и повеќе имиња, меѓу кои и уште еден светски артист, како и диџеи од регионот кои ќе ја отворат вечерта. На спектакуларниот настан SKOPJE CALLING 2017 се очекува да присуствуваат повеќе од 25 илјади посетители од целиот регион, бидејќи засега, ова е навистина ексклузивен настап на MARTIN GARRIX во регионот, најавуваат од Авалон Продукција. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука