февруари 22, 2017

Охрид, 22. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Таеквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец Охрид, овој викенд ќе учествува на меѓународен теквондо итф А класа турнир Србија Опен 2017, кој ќе се одржи во Бачка Топола, Република Србија.

Турнирот е еден од најсилните за оваа пролетна натпреварувачка сезона.

– Ја започнуваме 2017 година со нови сили во нови победи. Се надеваме дека и овој пат претставниците на Таеквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид ќе не претстават во најубаво издание и ќе не направат да се чувствуваме горди. Воедно Таеквон-до клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид користи прилика да изрази најголема благодарност до генералниот спонзор ПН МЕТАЛ, кој и овој пат е најзаслужен за нивното учество на овај престижен турнир, вели тренерот Марјанчо Лазаревски.

Токму под водство на Марјанчо Лазаревски црн појас 4 дан, поранешен светски вицешампион, спортистите на Таеквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид ќе ги одмерат силите во две дисциплини, борби и форми поединечно.

Охридскиот клуб ќе настапи со 15 натпреварувачи, но за жал овој, поради други обврски, пат нема да настапат едни од оние кои имаат освоено многу медали, а тоа се Александар Јовановски и Јана Спасеска, како и Јане Димов. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ИТФ Хваранг Лескоец

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука