февруари 22, 2017

Леверкузен, 22. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Синоќа во ЛШ беа одиграни ефикасни натпревари во Манчестер и Леверкузен, каде вкупно беа постигнати 14 голови.

Манчестер Сити против лидерот во француското првенство во првиот дел губеше, имаше негатива од 1-2, но во вториот дел успеа да постигне четири гола и со преднот 5-3 ќе патува на реваншот за две недели.

Атлетико гостуваше во Леверкузен и успеа да го совлада Баер со 4-2.Шпанците по пауза од 21 година успеаа да постигнат четири голови на гостински терен во европските купови.

Atletiko

Гризман кој го постигна вториот гол за Атлетико, стана најдобриот стрелец во историјата на „јорганџиите“, во Лигата на шампионите.

Вечерва на програмата се дуелите Порто-Јувентус и Севиља-Лечестер. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: Б.92

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука