Скопје/Охрид, 22. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Според податоците од Фондот за здравство, минатата година, 54 татковци користеле породилно боледување.
Од Охрид 3 татковци користеле вакво боледување.
Најмногу вакви случаи во 2016-та имало во Скопје.
Статистиката на ФЗОМ покажува дека од година в година се зголемува бројот на мажи кои го искористиле оваа законско право.
Македонскиот закон за работни односи предвидува право на платено отсуство од работа заради бебе или само на мајката или само на таткото. Ако таткото сака да ја искористи оваа можност треба да достави извод на родените за детето и потврда дека мајката се враќа на работа. Но, родилката тоа не смее да го направи во рок пократок од 45 дена по породувањето. (Крај)
извор: Здравство 24 фото: архива