Охрид, 23. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Салоните за мебел „Гир Риг“ во Охрид, Битола, Кичево и Струга започнаа специјализирана акција за поттикнување на развојот на туризмот во регионот.
– Туризмот претставува една од најзначајните развојни потенцијали за охридско-струшкиот регион. Природните убавини и културно-историското наследство се основа за развој на еден современ и квалитетен туризам. За таа цел, „Гир Риг“ како општествено одговорна компанија изготви посебна програма со специјален попуст на висококвалитетен мебел, наменет за туристички апартмани, приватни станоиздавачи, мотели, хостели, хотели и слично. Повелете во нашите салони и изберете парче мебел што ќе се загарантира удобноста, функционалноста, современоста и добијте посебен попуст, порачуваат од „Гир Риг“.
Сите производи ги доставуваат и монтираат во Вашиот дом, бесплатно на целата територија на Република Македонија. Компанијата е препозната како бренд на кој охриѓани му веруваат и често своите домови и деловни простории ги опремуваат токму со производи од широкиот асортиман врвен мебел од најпознатите домашни и странски производители. Салонот во Охрид започна со работа во 1994 година. „Гир Риг“ располага со најширок асортиман мебел од домашни истрански производители. Од 2004. година работи во сопствени простории на преку 2.500 м2. Во 2009. година е отворен салонот во Битола. Само две години подоцна салонот за мебел „Гир Риг“ беше прогласен за најпопуларен на територијата на Битола, каде компанијата денес поседува сопствен модерен салон на преку 500 м2. Во 2013 година, „Гир Риг“ отвори салон на над 1.000 м2 во Кичево, а во ноември 2016-та година во Струга беше отворен првиот „Sleep Shop“ или специјализирана продавница за системи за спиење. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива