февруари 23, 2017

Охрид, 23. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот писател за деца, Борис Бојаџиски е роден во Охрид на 23 февруари во 1915 година.

Започнал да се занимава со литература додека бил во учителската академија во Шабац. Подоцна, како учител, напишал неколу приказни за деца.

По ослободувањето на Македонија, Бојаџиски бил еден од првите македонски автори за деца. Добитник е на бројни награди.

Починал во родниот Охрид на 9 мај во 1959 година.

Ги издал книгите: „Милка“, „Првите цутови“, „Чекори што не можеа да запрат“, „Денес, утре, задутре“, „Ронки“, „Галебово крило“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука