февруари 24, 2017

Охрид, 24. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во Домот на културата во Вевчани, во сабота, на 25-ти овој месец, ќе се одржи премиерна изведба на претставата „Девојчето и дванаесетте месеци“, во изведба на патувачкиот театар „Поклони се и падни“.

Театарот работи во рамките на Здружението – КУД „Дримкол“ од Вевчани, кој успешно работи и  зад себе има реализирано многу бројни претстави.

devojcetoi12meseciСловачката народна приказна е работена според адаптираното сценарио на Љубица Баткоска, а е во режија на Душко Кукоски. Улогите ги толкуваат: Ева Костојчиноска, Душко Кукоски, Даниела Маретиќ, Александра Плушкоска, Душко Кукоски, Елизабета Шекуткоска, Наташа Кукоска и др. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука