февруари 24, 2017

Охрид, 24. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Повеќе од 1 000 студенти од 6 земји од регионот во април ќе учествуваат на настанот „Агрономијада“, кој ќе се организира во Охрид.

Овој настан е наменет за студенти кои студираат на шумарските факултети од државите од Балканот. Ќе има учесници од вкупно 24 факултети. „Агрономијада“ ќе се одржува од 25-ти до 29-ти април во хотел „Десарет“ Охрид.

Целта на овој собир на студентите е размена на искуства од студиите по струката која ја одбрале, а дружењето ќе се развива во главно преку организирани спортски игри и натпревари. Студентите меѓу себе ќе организираат и квизови на знаење, а нема да изостане и посетата на бројните знаменитости низ Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука