февруари 25, 2017

Мадрид, 25. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Рафаел Варан ќе паузира пет седмици од фудбалските терени откако сериозно го повреди бутниот мускул на мечот против Валенсија на „Месталја“.

Францускиот интернационалец беше повлечен од игра во второто полувреме , а по деталните медицински прегледи се покажа дека ќе мора да паузира повеќе од еден месец.

Варан ќе го пропушти реванш мечот од осминафиналето во ЛШ против Наполи на 7.март, а нема да настапи и на четири меча во шпанскиот шампионат. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука