февруари 25, 2017

Милано, 25. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Екипата на Интер планира агресивна трансфер кампања во летниот преоден рок, а прв „пик“ на управата на клубот е Марко Верати.

Првите луѓе на „нероаѕурите“ се решени да го вратат италијанскиот репрезентативец во родната земја, а за тоа веќе имаат подготвено понуда од 100 милиони евра и плата од 9.5  милиони евра по сезона.

Верати со екипата на ПСЖ има договор до 2020 година, а за него сериозен интерес има и од Барселона, која во него го гледа наследникот на Андрес Иниеста. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука