Кичево, 25. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Малата Наде, исчезнатото двегодишно девојче од кичевското село Кленоец по 24 часа е пронајдено живо и здраво.
Организираната потрага од полициски службеници и локалното население заврши успешно – девојчето било пронајдено вчера попладне околу 15 часот во месноста Вртиште, во дол длабок околу дваесетина метри.
Девојчето било пренесено во кичевската општа болница каде се извршиле потребните медицински прегледи за утврдување на здравствената состојба. (Крај)
извор: МКД.мк фото: архива
Прочитано: 21