Велес, 25. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Елвдини Зумберов, деветнаесетгодишен, од село Мелница во близина на Велес, е осуден на седум години затвор поради педофилија.
Казната вчера ја изрече судија од основниот суд во Велес, а Зумберов го призна делото.
Монструозниот чин се случил на 27.јули минатата година околу 19 часот. Зумберов таа вечер го пресретнал десетгодишното дете кое од селската продавница се враќал дома и го извршил грозоморниот чин.
Дури утредента неговата мајка забележала дека детето чудно се однесува.
Со измените на Законот за кривична постапка од февруари 2014 година, во Македонија е дозволена хемиска кастрација на педофили. Меѓутоа по зачестеното силување на деца, огорчените граѓани преку социјалните мрежи почнаа да бараат построги казни. (Крај)
извор: Сител фото: архива