Охрид, 26. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 25-годишниот А.Д. од Охрид и 18-годишната Г.Д. од охридското село Горно Лакочереј.
– Пријавените, казненото дело го сториле на 24-ти овој месец околу 15:30 часот, во нива лоцирана во атарот на селото Горно Лакочереј. Тие, со намера да се стекнат со противправна имотна корист, физички го нападнале 83-годишниот Т.Д., дедо на второпријавената Г.Д., кој во моментот се наоѓал во хаварисано возило оставено на нивата. Тие констатирале дека Т.Д. се одмара на предните седишта кои биле пуштени хоризонтално и дека никој не ги гледа. Тогаш А.Д. ја отворил левата предна врата и веднаш, со употреба на физичка сила му ги фатил рацете и со тупаница го удрил во пределот на главата. Во исто време, пријавената Г.Д. од левиот џеб од кошулата му одзела 19.000 денари, по што двајцата избегале оставајќи го Т.Д. со контузија на главата што како повреда, подоцна била констатирана во Општата болница во Охрид, информираат од СВР Охрид.
По кратко време, СВР Охрид го пронајде А.Д. и при извршен преглед кај него биле пронајдени 18.600, оо денари во разни апоени. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива