февруари 27, 2017

Сан Диего, 27. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Ректорот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ Охрид, Нинослав Марина, на Конгресот на Друштвото, што се одржа минатата седмица во Сан Диего, Калифорнија, пред американската јавност ја промовираше поштенската марка со ликот на американскиот научник Клод Елвуд Шенон. Марката беше издадена од Македонска пошта во 2016-та година.

Промоцијата беше реализирана на покана на Друштвото на теоријата на комуникации, а охридскиот универзитет е дел од Американскиот институт на инженери од областа на електрониката.

– Република Македонија ја изразува својата почит кон делото на Клод Шенон. Македонија е единствената земја во светот што издаде марка во чест на Шенон што ме прави особено горд и би сакал да изразам голема благодарност до сите кои придонесоа за реализација на иницијативата, изјави Марина.

Научникот Клод Шенон, чиј лик е на поштенската мартка, е признаен како научник кој на светот му ги подари основите за создавањето на некои од најзначајните телекомуникациски методи на денешницата, што се користат во интернетот, мобилните телефони, компјутерите, уредите за меморирање и при електронската заштита на податоците. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука