Охрид, 27. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против две лица од Охрид, кои се под сомнение дека сториле кривично дело „разбојништво”.
На 10-ти овој месец околу 06:50 часот во казино во Охрид, пријавените го набљудувале 54-годишниот С.С. од Охрид. Тој ги искоцкал парите и отишол на банкомат да извади други.
При влез во казиното, пријавените физички го нападнале одземајќи му 10.000 денари нанесувајќи му тешки телесни повреди. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 32