февруари 27, 2017

Охрид, 27. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Со кривична пријава се стекна лицето З.М. – 37-годишен, жител на ресенското село Лева Река, кој сторил кривични дела „кражба” и „пустошење шума“.

Пријавениот во атарот на Лева Река, неовластено и противправно извршил бесправна сеча на 2,5 метри просторни дабово дрво. Дрвата биле пронајдени позади неговата куќа во село Косел, а 0,4 метри просторни дабово дрво биле пронајдени десно пред неговата куќа за време на претрес. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука