Охрид, 27. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Претставниците на охридското село Куратица со маската „Курајчки времеплов“ ја освоија втората награда за Театрална маска на 16-то издание на Карневалот „Прочка“ во Прилеп.
Маскираните претставници на Куратица и оваа година зедоа учество со две групни маски, и тоа: „Современ живот“ и „Курајчки времеплов“.
– Имаше учесници од Бугарија, Србија, Италија, Германија, Франција, Албанија и од повеке места од Република Македонија. Нашата маска „Курајчки времеплов“ постигна уште еден успех и ја доби втората награда за Театрална маска. Нашите честитки и за организаторите од кои бевме убаво пречекани. Во вечерните часови, во хотел „Липа“ беа доделени наградите од страна на градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески, проследено со вечера и заедничка музичка веселба, информираат претставниците на селото Куратица. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива