Охрид, 24. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 32-годишнатаИ.Б.П.(32) од Охрид, за сторено кривично дело „изнуда“.
На 16-ти декември минатата година од нејзиниот мобилен телефон се јавила и разговарала со З.А., за враќање на долг, што неговиот син и го должел. Истиот ден, во два наврати на мобилниот телефон на З.А. му се јавило непознато машко лице, кое му се заканувало по животот на неговиот син, доколку не го врати наводниот долг од 700 евра. (Крај)
извор: МВР фото: архива