февруари 28, 2017

Скопје, 28. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Двајца претставници на политичка партија, организатори на протестот во Охрид, упатувале закани до специјалните јавни обвинители додека траела истрагата на СЈО.

Закани биле упатувани и кон Ленче Ристоска, која на денешната прес конференцијата, зборувала за овие закани додека ја воделе истрагата за финасирање на изборна кампања, пренесува Standar.mk.

– Испративме покани за сослушување преку СВР Охрид на сведоците што беа засегнати. Решивме сослушувањето да се изврши во Охрид за тие да не доаѓаат во Скопје. Од 185 покани, до лицата доставени беа 130, а сослушани досега се 15 сведоци. Дента кога се спроведуваше испитувањето бевме известени дека е најавен протест од одредена политичка партија. Сакам да нагласам дека сведоците не се повикани заради нивното членство во одредена политичка партија, туку заради постоење на одредена истражна или предистражна постапка. Имавме состанок со претставници на партијата и од лицата што дојдоа на состанокот беа искажани извесни закани за кои подоца го известивме министерот за внатрешни работи. Ни беше доставен список на лицата што ги повикале, што значи дека неповикани лица знаеја кого сме повикале. Го известивме за тоа и министерот, изјави Ристоска. (Крај)

извор: Стандард.мк фото: Мета

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука