Торино, 1. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Екипата на Јувентус има голема предност во однос на Наполи по првиот полуфинален меч во Купот на Италија, „старата дама” на реваншот во Неапол ќе патува со предност од 3-1.
Јувентус кој е бранителот на трофејот во купот, со пресврт успеа да го победи Наполи, постигнувајќи три гола во 20 минути во второто полувреме од кои два од пенал.
Полуфиналниот реванш во Купот на Италија, во Неапол, ќе се одигра на 5.април, а вечерва на програмата е првиот полуфинален меч помеѓу Лацио и Рома. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 16