Лечестер, 1. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Неколку англиски медиуми објавија дека поранешниот селектор на Англија, Рој Хоџсон, е главен фаворит во трката за нов менаџер на Лестер.
Рој Хоџсон досега не беше споменуван како кандидат за предводник на „лисиците“, но според последните информации 69-годишниот стручњак е новиот фаворит за нов кормилар на актуелниот првак.
Управата на Лестер соопштила дека најдоцна до крајот на оваа седмица ќе биде познато името на новиот менаџер. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 13