Вашингтон, 1. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Голден Стејт синоќа бе апоразени во Вашингтон а оваа сезона може да се претвори во кошмар по повредата на Кевин Дурент.
Дурант на теренот мина само две минути, кога на бизарен начин заработи сериозна повреда на коленото, откако неговиот соиграч Заза Пачулија при пад на под налегна на ногата на несреќниот Дурант.Познатиот американски новинар, Адријан Војнаровски, кој секогаш е добро упатен во кошаркарските случувања објави дека оваа сезона за Дурент е завршена.
https://www.youtube.com/watch?v=BtQGmR8oXWA
Клубот соопштил дека дури откако ќе биде направена магнетната резонанца ќе можат да соопштат колкава пауза го очекува Дурент, односно дали тој ќе паузира неколку недели или за него сезоната е завршена. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива