март 1, 2017

Скопје, 1. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Официјалниот LEGO® фестивал за прв пат ќе се случува и во Македонија.

После Брно, Братислава, Загреб и Софија, честа да биде домаќин, припадна и на Скопје. Од овој викенд, поточно од 4-ти па се до 26-ти март во Skopje City Mall ќе се одржи LEGO фестивалот, каде ќе дојде до израз креативноста и бујната имагинација на посетителите.

Преку изложба на 20 големи 3Д официјални LEGO фигури, осум уникатни LEGO глави од LCP Dirk Denoyelle од Белгија (само 15 во цел свет), работилници и зони за играње, интересни квизови, натпревари и попусти на производите, ќе ја почувствувате LEGO магијата и светот на LEGO коцките, велат организаторите.

„Само најдоброто е доволно добро.” – токму ова било мотото на основачот на The LEGO Group, Оле Кирк Кристиансен во 1932 година. Тој верувал дека децата заслужуваат играчки изработени од најквалитетни материјали со совршена изведба. Го смислил името LEGO така што ги комбинирал првите две букви од данскиот израз „LEG GODT” што во превод значи „добра игра” – незнаејќи дека едно од значењата на изразот на латински е „jaс составувам”. Денес, зборовите на основачот и понатаму се движечка сила на компанијата, а LEGO® производите и понатаму се пренесуваат од една генерација на друга, поттикнувајќи ја креативноста и фантазијата на децата и возрасните ширум светот. Концептот и развојот на производите главно се одвива во седиштето на The LEGO Group во Данска. Првата LEGO® минифигура се појавила на пазарот во 1978 година. Оттогаш малиот жолт лик станувал се посилен. За време на сите овие години, повеќе од 5 милијарди фигури се произведени со што е создадена најголемата светска популација. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука