март 1, 2017

Скопје, 1. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Ниту Уставот, ниту совеста не ми дозволуваат да дадам мандат на некој кој ја руши независноста и сувереноста, порача денеска на прес-конференција претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.

– Платформата подготвена од туѓа држава е пречка да му го дадам мандатот на лидерот на СДСМ Зоран Заев. Нема да определам мандат на оној кој преговара за платформа на туѓи држави, со која се руши унитарноста на Македонија. Туѓи пралтформи нема да бидат основа за формирање на влада, затоа што ние немаме резервна држава. Граѓани, сакам да ве уверам дека можете да бидете спокојни. Се` додека јас сум претседател, немам да дадам мандат на човек кој има платформа за рушење на суверенитетот и територијалниот интегритет. Никој со тоа не смее да тргува. Од тоа не мислам да отстапам, рече Иванов.

Тој рече дека не постојат закани кои ќе го натераат да го прекршам Уставот и повика дека ги охрабрувам оние кои тоа го заговараат, да поднесат кривична пријава него.

– Туѓи постизборни платформи не може да бидат основа за формирање на Влада. Немаме резервна држава. Граѓаните може да се мирни. Се додека сум претседател нема да дадам мандат на партии кои се залагаат за уривање на суверенитетот, рече претседателот Ѓорѓе Иванов во обраќањето до граѓаните.

Иванов како пречка да му го даде мандатот на Зоран Заев го наведе и „незапазувањето на роковите“ според членот 90. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука