март 2, 2017

Барселона, 2. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Луис Енрике веднаш по победата над Спортинг Хихон од 6-1 ги потврди шпекулациите на медиумите дека по завршувањето на сезоната ќе ја напушти Барселона.

Тренерот на Барселона за одлуката да го напушти клубот најпрвин ги известил фудбалерите, а потоа им се обратил на насобраните новинари.Енрике тренерската кариера ја започна во Б тимот на Барселона, потоа ги предводеше Рома и Селта Виго, а во 2014 година го презеде каталонскиот гигант.

Во својата прва сезона на клупата на Барселона тој ја освои тројната круна. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука