Скопје, 2. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Утре во Скопје ќе се одржи промоцијата на најновиот албум на групата Суперхикс, насловен „Underground Evergreens“.
Промоцијата ќе се одржи во музичката продавница Југотон, Скопје, ГТЦ, 1 кат, со почеток во 13:00 часот.
Во рамки на промоцијата Суперхикс ќе го претстават своето најново студиско издание кое во петок излегува во ЦД формат, а за кое наскоро ќе биде изработен и винил. Албумот е сниман, миксуван и мастериран од страна на Мите Димовски, Тра Ла Ла Студио- Скопје а еден мал дел е сниман и во студиото на Ивица Јанкуловски. Дизајнот за истиот е направен од страна на дизајнерот Томи Џуровски.
А не случајно е избран 3-ти март како датум за промоција на новиот албум. Имено, на 3-ти март далечната 1994-та година Суперхикс го имаа својот прв настап па оваа промоција е практично и одбележување на 23 години од постоењето на Суперхикс. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива