Струга, 2. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Криминалната полиција Струга поднесе кривична пријава против 53-годишниот Н.Т. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 13-ти декември минатата година во струшкото село Збажди, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот каде била пронајдена и одземена 0,16 грама марихуана. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 30