Скопје/Охрид, 3. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Македонија и Албанија се единствените држави во Европа каде воопшто нема опсерваторија.
Очигледно дека астрономијата е наука на која човештвото допрва ќе посветува внимание и ќе вложува во нејзиниот развој. Каква е состојбата во Македонија?
Според Филип Парталовски, член на Скопското астрономско друштво, астрономијата се третира како наука, но е маргинално застапена во основното и средното образование, иако проблемите за кои таа дава одговор можат да помогнат полесно да се совладаат темите од физиката поврзани со движење на телата, гравитациски заемодејства и зрачење на телата.
Во Македонија постојат уште неколку астрономски друштва, во Скопје, Битола, Охрид и поединци од другите градови, кои, според Парталовски, работат со ентузијазам и посветеност за популаризација на оваа наука. (Крај)
извор: Факултети фото: архива