Барселона, 3. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Според шпанските медиуми Ернесто Валверде од Атлетик Билбао има најголеми шанси да го наследни Луис Енрике на кормилото на Барселона.
Валверде во Билбабо е од 2013 година, а во 2015 година токму против Барселона, на овој клуб му го донесе првиот трофеј по пауза од триесет години во Суперкупот на Шпанија.Тој во минатото беше тренер на Еспањол, Валенсија, Виљареал и Олимпијакос, а како играч во Барселона настапуваше две сезони во 80-те години од минатиот век.
Освен Валверде за тренерскот столче во Барселона кандидати се и тренерот на Севиља Хорхе Сампаоли, менаџерот на Евертон Роналд Куман, поранешниот тренер на ПСЖ Лоран Блан, менаџерот на Тотенхем Маурисио Покетино и помошникот на Енрике, Карлос Унзуе. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива