Свети Николе, 3. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Институтот за култура и уметност при Меѓународниот Славјански универзитет Гаврило Романович Державин – Свети Николе организира трибина на тема Културата и уметноста на универзитетите и факултетите во Република Македонија.
Трибината ќе се одржи во просториите на Меѓународниот Славјански универзитет во Свети Николе, на 9 март (четврток) 2017 година, со почеток во 12 часот.
Медијатор на трибината ќе биде проф.д-р Христо Петрески, директор на Институтот за култура и уметност при Меѓународниот Славјански универзитет во Свети Николе.
Целта на трибината е да се воспостави соработка и размена на индивидуалните и заедничките програми и проекти и да се воспостави подобра информираност и мрежа на културните и уметничките универзитетски и факултетски активности и содржини.
Се очекува да присуствуваат претставници на повеќе универзитети, факултети и институти од Републиката, како и претставници на културни и уметнички институции и асоцијации.
Инаку, ова е прва средба од овој вид кај нас со намера и цел да се подобри взаемната информираност и понатамошната соработка и размена на културни и уметнички проекти, манифестации, приредби, програми и содржини. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива