Избор Охрид Празници

Света архиерејска литургија по повод празникот Тодорова сабота

Охрид, 3. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – По повод празникот Тодорова сабота, утре во црквата Успение на Пресвета Богородица – Каменско во Охрид ќе се служи света архиерејска литургија, информираат од Дебарско-кичевската епархија.

Литургијата ќе започне во 08.30 часот.

Во недела пак во црквата Св. Георги со почеток во 08:30 ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот Недела на Православието.

На светите литургиите ќе богослужи Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука