Охрид, 3. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Трет ден по ред со протестен марш по улиците во центарот на градот, дел од граѓаните на Охрид ја изразија својата поддршка на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и ја искажаа „својата загриженост за иднината на државата“.
Според организаторите, граѓанскиот собир има за цел да ја поддржи Република Македонија да истрае во овие тешки премрежија, во време, кога ние самите ја креираме нејзината иднина.
– Да го заштитиме јазикот, културата, државата, онака како што ни ја оставиле нашите прададовци како завет и да ја оставиме и на нашите поколенија, уште попросперитетна, посплотена, рече актерот Ивица Цонев.
Како и претходните два дена учесниците на протестот се собраа на плоштадот кај охридската гимназија, по што се упатија низ улиците во централното градско подрачје до Градскиот плоштад. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива