Охрид, 24. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 31-годишниот А.И. од Охрид, за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.
На 16-ти декември минатата година, полициски службеници вршеле претрес во домот на пријавениот, со цел пронаоѓање на предмети кои произлегуваат од извршени кривични дела.
Пријавениот со физичка сила го спречил полицискиот службеник во вршење на службените задачи. (Крај)
извор: МВР фото: архива