Охрид, 5. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – По повод празникот Недела на Православието, денес во црквата Св.Георги во Охрид ќе се служи света архиерејска литургија.
Почетокот е во 8.30 часот.
Ќе богослужи Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г.Тимотеј.
Недела на Православието е наречена првата недела од Велигденскиот пост, кога всушност се празнува победата на иконодулите (почитувачите на иконите) врз иконокластите (иконоборците), изразена во одлуките на Седмиот вселенски собор. Оттука, Црквата си спомнува за повторното воведување на иконите во јавните богослужби и храмови, како и приватните домови на верните.
Службите за овој ден најчесто вклучуваат и литија околу храмот, при што свештенослужителите носат икони од светителот на храмот и други светители – заштитници, со што ја објавуваат победата. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива