Акапулко, 4. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Шпанецот Рафаел Надал игра одлично на АТП турнирот во Акапулко, стигнувајќи до финалето и оваа година откако претходно триумфираше во 2005 и во 2013 година.
Синоќа во полуфиналната пресметка Надал го прегази хрватскиот тенисер Марин Чилиќ победувајќи го со 6-1,6-2.
Во финалето Надал ќе игра против американецот Сем Квери кој во три сета, со 3-6,6-1,7-5, беше подобар од Ник Киријос. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 25