Охрид, 4. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Утринава, околу 05:00 часот, на булевар „Туристичка“, по вербална расправија, дошло до крвава пресметка помеѓу две млади лица од Охрид.
Во тепачката се користени боксови и камења, при што дошло до полесни повреди кај учесниците во инцидентот.
За среќа, полицијата интервенирала после само неколку минути од дојавата, со што е спречен инцидент кој можел да заврши со трагични последици.
Повредените се однесени на Хируршкото оделени при Општата болница во Охрид. Полицијата извршила увид на местото на инцидентот, каде има искршени стакла на стамбена зграда, крв на улицата и испрскани возила со крв на паркингот.
Инцидентот за агенцијата МЕТА го потврди попртпароплот на СВР од Охрид, Стефан Димоски, а во текот на денот ќе излезе со повеќе информации,меѓу другото, и за мотивите за тепачката. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес