Брест, 4. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Ракометарите на Вардар имаат шанса уште денеска на гостински терен кај Мешков Брест да го потврдат првото место во групата и директниот пласман во четврт-финалето на ЛШ.
Со евентуален триумф нашите ракометари на едно коло до крај на мечевите од главната фаза ќе обезбедат пласман во Топ-8 фазата и ќе ги прескокнат осминафиналните мечеви.
Во прилог на Вардар е и поразот на Рајн Некар на гостувањето кај Целје каде словенечките ракометари славеа со 37-31. Сега на табелата во Б групата Вардар има 18 бода, пред Рајн Некар со 17 (меч повеќе) и Кјелце со 16 бода.
Натпреварот меѓу Мешков и Вардар е закажан денеск во 17,30 часот. (Крај)
извор: РК Вардар ТА фото: архива
Прочитано: 21