Манчестер, 5. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Управата на Манчестер сити соопшти дека капитенот на клубот Винсент Компани, го надминал проблемот со повредата и ќе му биде на располагање на менаџерот Пеп Гвардиола за мечот против Сандерленд денеска.
Покрај Компани, во екипата се враќа и Александар Коларов, кој исто така се рехабилитира и е подготвен за настап.
Меѓу повредените играчи се Габриел Хесус и Илкај Гундоган, но тие нема да можат да му помогнат на клубот до крајот на сезоната. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 27