март 4, 2017

Скопје/Охрид, 4. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот по втор пат го промовираше туристичкиот потенцијал пред унгарските туристи за време на саемот за туризам во Будимпешта, Унгарија (HUNGEXPO).

Пред публика од 32.000 посетители и бројни тур-оператори, организации и институции, преку најразлични алатки за промоција беа претставени убавините на Македонија и потенцијалот за инвестирање во туристичката индустрија.

Интересот на унгарците е главно насочен кон запознавање на нашата култура и историја, а од круцијално значење за туристите од оваа држава се авто-камповите поради фактот дека поголемиот процент од нив транзитираат низ земјава со идеа да поминат што поголем број на земји од балканот за време на нивните летни одмори.

Претставници на Агенцијата за туризам остварија средби со унгарски тур-оператори, а посебно ставија акцент на оние кои веќе во своите понуди имаат балкански земји- ExperienceBalkan, PelikanSK, Aviareps Kft. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука