март 5, 2017

Охрид, 5. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Според последните мерења, нивото на водата во Охридското Езеро е шест сантиметри над дозволениот минимум од 693.10, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Според тоа, по затворањето на испустот кај вливот на реката Црн Дрим на почетокот на февруари, до денеска нивото на водата во езерото се зголемило за 10 сантиметри.

Инаку, на крајот на јануари нивото на Охридското Езеро беше минус 11 сантиметри под дозволента кота која изнесува 693,10. Дозволениот максимален минимум е 693,07 или минус 7 сантиметри од најниската кота, што значеше дека тогаш дури за 4 сантиметри нивото беше пониско од минимумот. Еколозите неколкупати предупредуваа на штетните последици од нискиот водостој на Охридското Езеро. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука