март 6, 2017

Охрид, 6. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Точно една година сме во Турција. Веќе ја завршивме втората сесија од новата хемотерапија и засега е се` во ред. Кирил е добар, денес имаме снимање што ќе покаже што и како понатаму. За недела и нешто се подготвуваме за втор роденден на Кирил! Поздрав до сите и едвај чекаме да си дојдеме дома!

Вака на својот профил на Фејсбук напиша Горан, таткото на малиот херој Кирил, зад кого застана во знак на поддршка целата охридска, но и македонска јавност.

Од ФЗОМ во два наврати излегоа во пресрет на младиот живот и помогнаа Кирил да закрепне. Тие одобрија средства за негово лекување, а охриѓани, како и голем број граѓани од цела Македонија експресно се мобилизираа во собирање средства за помош на малиот Кирил. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука