Дортмунд, 6. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Марко Ројс повторно се повреди, а последната случка ќе го оддалечи од фудбалските терени најмалку еден месец.
Фудбалерот на Борусија Дортмунд заработи повреда на бутниот мускул на левата нога на дуелот против Баер Леверкузен и ќе мора да паузира еден месец.
Ројс нема да биде во можност да им помогне на „милионерите“ во среда на претстојниот реванш осминафинален меч од ЛШ против Бенфика, како и на бундеслигашките дуели против Херта, Инголштад и Шалке. (Крaj)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 20