Охрид, 6. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Непознати сторители синоќа го оштетиле возило во сопственост на судијката Билјана Белеска Пројкоска, вработена во охридскиот Основен суд, која работи на предмети од областа на кривичното право.
Настанот кој се случил на улицата „АСНОМ“ во Охрид, во близина на домот на судијката, бил пријавен во СВР Охрид.
– Искршени се стаклата од возилото. Се работи на откривање на сторителите и расчистување на немилиот настан, информираат од СВР Охрид.
Сторителите ги искршиле двете ветробрански и двете стакла од совозачката страна. На возилото немало оставено никаква порака. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 26