март 6, 2017

Охрид, 6. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Институтот за филм – Филмска Академија од Охрид, во периодот од 9-ти до 12-ти март 2017 година, го организира својот втор студентски филмски фестивал „Филмоција“ (Feelmotion),  чии активности ќе се одвиваат во просториите на академијата во Охрид.

Овој настан предвидува разновидна и богата тридневна програма, вклучувајќи проекции на филмови, работилници и мини концерти. Со сопствени филмови ќе учествуваат Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип,  Есра и ФДУ – Скопје, Тетовскиот Универзитет од Тетово, „Хасан Приштина“ од Косово, „ФАМУ“ од Чешка, ФДУ од Цетиње, Црна Гора, Универзитетот „Јашар“ од Турција и Национална Академија за Театар и Филм од Бугарија. Работилниците ќе бидат водени од страна на продуценти, а дел од музичката програма ќе биде настапот на „Sweet Rapscalions“.

– Фестивалот ќе биде свечено отворен во четврток, 9-ти март во 19:00 часот со филмот „90 Minutes – Berlin Project” на Иво Трајков, додека просториите на академијата ќе останат отворени 24 часа за поканетите гости и за сите заинтересирани посетители од Македонија, информираат организаторите.

Влезот е бесплатен за сите посетители. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука