март 7, 2017

Охрид, 7. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во петок,10 март, “Импровокација” на репертоарот на Охридскиот народен театар.

Ова е трета епизода од втората сезона на забавното шоу. И овој пат “импровокатори” ќе бидат актерите Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски и Филип Кипровски, со поддршка на Филип Ангеличин Жура.

– Шанса за сите Вас што од различни причини ќе заборавите да ја удостоите празнично Вашата поубава половина, еве ви прилика да се искупите, стои во најавата за најновата “Импровокација”.

Картите за шоуто веќе се пуштени во продажба во музичката продавница ЗиЗи Топ. Цената во претпродажба е 150 денари, додека на денот на шоуто ќе чини 200 денари. Почетокот е закажан за 20 часот, на алтернативната сцена во подрумските простории на Ценратот за култура “Григор Прличев”. (Крај)

извор: ОхридПрес  фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука