Неапол, 8. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Екипите на Реал Мадрид и Баерн Минхен први изборија пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите
.
Реал одигра лош натпревар во Неапол, а пласман во четвртфиналето му обезбедија Серхио Рамос со два гола во интервал од пет минути и погодокот на Мората во 91.минута за конечни 3-1.
Арсенал доживеа уште еден тежок пораз во двомечот со Баерн, иако по првото полувреме водеше 1-0 со голот на Тео Волкот. Одлучувачкиот момент на мечот се случи во 56.минута кога Кошчелни доби два жолти картони. Со играч повеќе на теренот Баерн го порази Арсенал со идентичен резулатат како на првиот меч 5-1.
Вечерва на програмата се дуелите Барселона-ПСЖ(0-4) и Дортмунд-Бенфика(0-1). (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 16