Охрид, 8. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во вторник,14 март, ќе заседаваат градските советници.
Претседателката Гордана Коњановска ја закажа 69-та седница за 10.30 часот. Со дневниот ред се предвидени 54 точки.
Меѓу поатрактивните точки е Предлог Одлуката за исплата на долгот на ОУ„Григор Прличев“ – Охрид кон ЕВН Македонија за потрошена електрична енергија.
Градските избраници ќе расправаат и ќе треба да се произнесат по Предлог Одлуките за усвојување на годишната сметка и Извештајот од работењето и остварените резултати на јавните претпријатија во Охрид.
Пред советниците ќе се најдат и извештаите за финансиското работење и годишната сметка за 2016 година на охридските основни и средни училишта, како и на детската градинка “Јасна Ристеска”.
(Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива